Против 25-годишна штипјанка поднесена е кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Од МВР велат дека на 13 март годинава во затворот во Штип, при извршен преглед над пријавената, која била во посета на својот сопруг, кој бил на издржување казна затвор, биле пронајдена и одземена марихуана.