Во атарот на битолското село Крклино, на парцела лоцирана на локалниот пат помеѓу село Крклино и село Горно Оризари, вчера била пронајдена артилериска граната, калибар 75 мм, од Првата светска војна.
МВР денеска соопшти дека полициски службеници излегле на местото, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал гранатата за понатамошна постапка.