Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случувањата во Собранието на Република Македонија минатата година.
Случајот се наоѓа во доказна постпака и се изведуваат видео материјали од безбедносните камери во Собранието.
На претходните рочишта беа прегледани снимки од безбедносниет камери во ходинкот пред канцеларијата на спикерот Трајко Вељановски, ходниците што водат до и холот пред прес-салата во Собранието.
Обвинителството на снимките посочува поголем број од обвинетите и се бележи на записник нивното движење и дејствија низ ходниците.
Судечкиот совет во предметот „ 27 април “ на почетокот на неделава одлучи да ја раздвои постапката за обвинетиот Сашо Марковски, кој заради нарушена здравствена состојба е на лекување во ГОБ „8 Септември“. Раздвоената постапка за Марковски ќе продолжи по еден месец, а претходно судот ќе побара мислење за неговата задравствена состојба.
За случајот „ 27 април “ обвинети се уште 32 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.