Синоќа во 20.38 часот во СВР Битола било пријавено дека во населба „Тризла“ во Прилеп бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу повеќе лица.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и било утврдено дека настанала физичка пресметка помеѓу две групи и со повреди нанесени од остар предмет се здобил Е.Б.(31) од Прилеп, констатирани во Општа болница – Прилеп, додека едно лице не давало знаци на живот. Лекар од Итна медицинска помош Прилеп констатирал смрт кај лицето Т.Б.(42) од Прилеп. По наредба на Јавен Обвинител на телото на починатиот ќе се врши обдукција.
Во врска со настанот во полициска станица биле приведени М.Л.(39), Џ.Л.(54), С.А.(23), М.А.(25), Ш.А.(35) и С.К.(20), сите од Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. При интервенцијата, полициски службеник пукал двапати во воздух да ги спречи лицата во понатамошната пресметка. Ка.М.