СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Ф.(40) од Радовиш, Е.Џ.(44), Ш.И.(32), Б.Ј.(37), М.М.(37), М.Ј. (42), Б.Ј.(33) од Струмица и В.С.(34) од с. Еднокуќево – Босилево, поради непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.
На 18.10.2020 во Радовиш, пред куќата на М.Ф., се одржувала семејна веселба. При преземање мерки, полициски службеници констатирале дека сите пријавени постапиле спротивно на прописите и наредбите предвидени од страна на Владата за време на пандемија, соопшти полицијата.