Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против А. А. (59), К. П. (54), А. А. (67) oд Крива Паланка и О. П. (60) oд Кратово поради злоупотреба на службената положба и овластувањето.
Во периодот од 1.8.2011 до 2018 година, првопријавениот, во својство на градоначалник на општина Крива Паланка, не постапил по oдобрението за поставување урбана опрема, издадено од Општина Крива Паланка, односно без да се отстрани урбаната опрема во предвидениот период наведен во oдобрението и aнекс-договорот за закуп и без да се прибави ново oдобрение, биле склучени нови договори за закуп на предметната урбана опрема со правно лице од Крива Паланка.
Второпријавениот и третопријавениот, во својство на овластени градежни инспектори во општина Крива Паланка, не извршиле ниту еден инспекциски надзор и не презеле законски мерки во согласност со нивните работни задачи. Исто така, четвртопријавениот, како овластен градежен инспектор, не презел законски мерки за отстранување на урбаната опрема, туку на 12.3.2020 донел решение за отстранување по извршен инспекциски надзор по барање за поведување постапка за дислокација на објекти од 4.3.2020 на Општина Крива Паланка поради реализација на урбанистички план со издадено решение за реконструкција и заедно со прво, второ и третопријавениот прибавиле материјална корист за Општина Крива Паланка во вкупен износ од речиси 788.601 денар, соопшти полицијата.