Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица од деветмината кои се гонат за вооружената престрелка во Куманово, во која животот го загуби едно лице.
Останатите седум осомничени јавниот обвинител ги гони за сторено кривично дело – насилство.
Престрелката што се случи на 31 октомври 2018 година на улицата „Тоде Мендол“ во Куманово, како што веќе информираа од Обвинителството, беше последица на нарушени меѓучовечки односи меѓу две семејства. По употреба на огнено и ладно оружје, едно лице го загуби животот, а друго се здоби со убодни рани од нож. Во престрелката учествуваа девет лица, но се преземаат дејствија за утврдување на евентуално учество и на други, засега непознати лица.
Истражната постапка продолжува со прибирање на материјални и вербални докази за целосно расчистување на кривично правниот настан.