Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријавa против Л.Б. (57) од Штип, вработен во МВР, поради сомнение за „примање поткуп“, а судија на претходна постапка му одреди и притвор во траење од 30 дена.
Л.Б. на 23 март годинава од странски државјанин побарал 300 евра за да не поднесе Барање за поведување прекршочна постапка за сторен прекршок од Законот за странци за кој паричната казна е 540 до 1.600 евра. парите ги земал на 28 март во својата службена просторија.