Постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Штип донесе Наредба за спроведување истрага против едно лице осомничено за кривично дело – Примање поткуп по член 357 ст. 1 од Кривичниот законик, а судија на претходна постапка му одреди притвор во трање од 30 дена.
Како што информира ЈОРМ, лицето вработено како чувар во КПД Затвор – Штип примило парични средства во износ од 150 евра за да внесе мобилен телефон во затворот и да го предаде на еден од затворениците.
Надлежниот јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските услови, до Судијата на претходна постапка при Основниот суд – Штип достави предлог за определување на мерка – притвор, кој предлог беше прифатен од страна на судијата и со Решение на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.