Коверт со две епрувети пристигнале во британската амбасада во Скопје, а бил адресиран до еден од вработените.
Според информациите на МВР, вчера во 14.05 часот во полиција, од британската амбасада било пријавено дека по пошта пристигнал сомнителен пакет, адресиран за вработен кој не очекувал никаква пратка.
При преземени мерки, полициски службеници од Единицата за откривање на експлозивни средства и направи утврдиле дека не станува збор за експлозивна направа, туку во пратката имало бел коверт, во кој имало две епрувети, кои биле одземени ѝ дадени на вештачење.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.