Педесетгодишен прилепчанец три години ја малтретирал својата малолетна ќерка, упатувал навреди и во неколку наврати пред неа вршел полови дејствија.
Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против С.А.(50) од Прилеп, поради постоење основано сомение за сторени кривични дела задоволување на полови страсти пред друг и запуштање и малтретирање малолетно дете.