Дваесет и шестгодишен жител на село Челопек вечерва е приведен од страна на полициски службеници. Тој бил баран со потерница за доиздржување на казна затвор.
– Денеска (10.11.2020) во 19 часот полициски службеници од ПО Жеровјане при СВР Тетово во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек за потраги, врз основа на распишана потерница го приведоа Б.С. (26) од Челопек,тетовско, кој се барал за доиздржување на казна затвор во траење од скоро две години.
Б.С. ќе биде предаден на казнено поправна установа – соопшти МВР.