Поранешниот градоначалник на Карпош и лидер на партијата „Гром“ Стевчо Јакимовски утрово е приведен и е изнесен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје.
Обвинението е покренато од Основното јавно обвинителство, кое најави дека повеќе детали ќе соопшти во текот на денот.
Јакимовски беше приведен и лани во август на барање на финансиската полиција поради сомненија за злоупотреба на службена должност во времето додека бил градоначалник на Карпош.