Четиринаесет мигранти биле откриени во возило на автопатот Гевгелија – Демир Капија, а возачот е приведен.
Според информациите на МВР, вчера во 21.10 часот во близина на паркинг „Милетково“, на автопатот Гевгелија – Демир Капија, бил приведен С.А.(25) од село Студеничани, скопско, кој управувал патничко возило „фолксваген фејтон“, со регистарски ознаки од друго возило, бидејќи при контрола од полициски службеници во возилото биле пронајдени 14 мигранти, од кои 12 од Авганистан и двајца од Сирија.
С.А. и мигрантите се предадени на полициски службеници од СВР Струмица за понатамошна постапка.