Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривичнa пријавa против Д.М.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги“.
– На 24 јуни 2019 година околу 13.15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други простории кај пријавениот. При претресот биле пронајдени и одземени 486,06 амфетамин, таблети метилен-диоксиметамфетамин (MDMA), марихуана и две дигитални ваги со остатоци од амфетамин, кокаин и марихуана – се вели во соопштението.
На пронајдените предмети било извршено вештачење, а пријавениот Д.М. бил приведен во Полициската станица Центар.