Утрово околу 6.15 часот во месноста викана Дабница, Прилепско, во близина на споменикот, од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп лишен од слобода е М.Е. (34) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар во Дабница.
Пожарот утрово е локализиран од страна на противпожарната единица од Прилеп.
М.Е. е задржан во полициска станица и против него ќе следи кривична пријава до ОЈО Прилеп информираат од МВР.
Досега шест лица се уапсени под сомнение дека подметнале пожари на различни локации во државата. Ка.М.