Четирисет и шестгодишен маж од село Калишта вчера бил приведен во близина на село Старо Лагово, откако на даден знак од полицијата, не застанал со возилото. Тој продолжил да вози и потоа фрлил две торби со марихуана, соопшти МВР.
– На даден знак од полициски службеник да застане, Ф.Д. не застанал туку продолжил со движење и потоа исфрлил две торби со марихуана со вкупна тежина од околу 53 килограми. По преземени мерки, возилото е запрено, а возачот приведен. По документирање на случајот, против Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство – се наведува во соопштението.