Четириесет и две годишен Кичевец бил приведен откако кај него бил пронајден хероин, информираат од министерството за внатрешни работи.
– Попладнево околу 17 часот, по претходно добиени сознанија, полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, го приведоа Б.С. (42) од Кичево, кај кого е пронајден хероин – објаснуваат од ресорното министерство.
Б.С. е приведен во полициската станица во Кичево и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.