Приведен е дилер на дрога од Тетово по претрес во неговиот дом, соопшти полицијата.
Се работи за 47-годишно лице со иницијали Б.А. во чијшто дом и помошни простории биле пронајдени околу 200 грама наркотична дрога-хероин, две дигитални ваги, два мобилни телефона, една импровизирана цевка и 12.400 денари.
МВР информира дека пронајдените предмети се фотодокументирани, со потврда одземени и дадени за вештачење.
Б.Е. бил лишен од слобода и задржан во полициската станица во Тетово за понатамошна постапка. Во текот на денешниот ден со соодветен поднесок ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка во Основниот суд во Тетово.