Синоќа во 19.10 часот на бул.Александар Македонски во Радовиш е уапсен 28-годишен жител на Радовиш, кај кого при претрес била најдена дрога.
– Кај К.Ј.(28) од Радовиш, кој управувал патничко моторно возило „фолксваген бора“ со радовишки регистарски ознаки, при претрес кај него и во возилото биле пронајдени прашкаста материја и таблета. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – соопшти МВР.