Полицијата го приведе вевчанецот кој на социјалните мрежи постави видео во кое се заканува дека ќе ги убие премиерот Зоран Заев како и претседателот Стево Пендаровски.
Од полицијата информираат дека тој на својот „Фејсбук“ профил, како и на повеќе електронски портали, објавил видео клип со заканувачка содржина, промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација и насилство кон други лица.
– При претрес извршен во неговиот дом, а врз основа на наредба од судија на претходна постапка, пронајдени се и одземени лап-топ компјутер и други предмети поврзани со делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.