Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потраги и Единицата за специјални задачи на планинскиот пат денеска над село Гермо-тетовско го приведоа Ј.Џ. (30) од село Гермо по распишана потерница поради бегство од затвор.
Ј.С. е осуден на 15 години казна затвор, а за доиздржување има девет години. Лицето ќе биде спроведено во казнено поправна установа.