Полицијата привела бегалец од затвор, кој се барал со потерница за издржување казна од 10 години.
– Денеска полицијата на улицата Востаничка во Скопје го приведе И.Ј. (37) кој се барал по потерница од КПУ- Затвор Идризово, во врска со чл.187 ст.1 КЗ на РСМ за издржување на казна затвор од 10 години, бегство од затвор за доизлежување затворска казна од шест години и пет месеци – информираат од МВР.
Тој ќе биде предаден во Идризово.