Полицијата приведе 42-годишен жител на струшкото село Франгово кај кого биле пронајдени пиштол и куршуми.
Според информациите на МВР, денеска околу 16 часот на влезот од Струга полициски службеници го привеле А.А.(42) од с.Франгово, струшко, затоа што при извршен претрес во неговиот автомобил „мерцедес“ бил пронајден еден пиштол марка „хеклер и кох компакт“ и 50 куршуми.
За настанот е известен Јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен поднесок.