Седумнаесет лица биле приведени под сомнение дека кај нив била пронајдена дрога за време на синоќешниот „Таксират Фестивал 23“ кој се одржа во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, соопшти МВР во дневниот билтен.
Приведените се на возраст од 18 до 38 години. Кај 15-мина од нив дрогата била пронајдена во салата, а кај двајца на паркинг-просторот пред спортскиот центар, според МВР.
При апсењето, одземени се марихуана, бела прашкаста материја, повеќе видови на таблети и пакувања со тврда материја. Приведените се од Скопје, Битола, Велес, Штип, Свети Николе, Куманово, Гевгелија, Србија и Косово, а против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.