Вчера околу 18.40 часот во нас.Влае, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.П.(26), А.П.(28) и Д.П.(53), сите од Скопје, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.