Полицијата ноќеска приведе странски државјанки кои во текот на ноќта биле затекнати во угостителски објект во село Горно Седларце, покрај автопатот Тетово-Гостивар.
Министерството за внатрешни работи информира дека ноќеска во периодот од 00.00 до 03.00 часот полициски службеници извршиле акциска контрола во угостителски објект во село Горно Седларце покрај автопатот Тетово-Гостивар. При контролата во објектот биле затекнати 10 женски лица, од кои три од Република Македонија, шест од Република Албанија и едно од Косово. Странските државјанки биле приведени во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка. За настанот бил запознаен јавен обвинител.