На граничниот премин Аеродром Скопје, вчера во 19:10 часот како депортирани лица, од Шведска допатувале М.Ш.(38) од Скопје и нејзиниот 11-годишен син. Момчето било предадено на инспектор за малолетничка деликвенција за понатамошна постапка, а мајката спроведена во Идризово.
–Тие заминале во Шведска во 2014 година и побарале азил, но не им било прифатено барањето и биле вратени во Македонија. По извршена проверка било констатирано дека М.Ш. се наоѓа на листа со мерка „апси“, додека момчето се наоѓа на листата „исчезнато лице“- соопшти МВР.
Лицата се приведени, по што момчето било предадено на инспектор за малолетничка деликвенција за понатамошна постапка, додека М.Ш. била предадена на полициски службеници од полициската станица Гази Баба за спровод до Казнено поправната установа Идризово.