На граничниот премин Аеродром Скопје, при пасошка контрола, се приведени две лица кај кои е констатирано дека патувале со фалсификувани патни исправи.
-На 29.01.2019 година во 18.25 часот на Граничен премин Аеродром Скопје, при пасошка контрола, било констатирано дека патните исправи на лицата П.Б.(34) и Е.Ф.(35), двајцата од Шпанија, биле фалсификувани. При дополнителна контрола кај нив биле пронајдени патни исправи на име О.Н.(35) и O.Л.(34) од Република Турција- се наведува во дневниот билтен на МВР.
Лицата биле приведени и во 23.30 часот предадени на полициски службеници од Регионалниот центар за Гранични работи Север за понатамошна постапка.