Синоќа во Полициската станица Прилеп било пријавено дека од патничко возило со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.Ј.(33), а сопатник бил Д.П.(31), двајцата од Прилеп, било пукано кон стражарницата која се наоѓа во кругот на касарната „Мирче Ацев“.
Од МВР информираат дека полициски службеници презеле мерки и возилото и лицата биле пронајдени и лишени од слобода.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.