Приватните разговори помеѓу првообвинетиот Бојан Јовановски и осудениот Зоран Милески – Кичеец ќе бидат презентирани на денешното рочиште за „Рекет“, по дадената согласност на обвинителката Вилма Русковска.
Јовановски, како и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева претходно бараше да се прикажат сите снимки.
Во случајот „Рекет“ првообвинет е Јовановски, а второобвинета Јанева, за изнуда на пари од бизнисменот Орце Камчев, со цел да биде олеснета неговата положба во случајот „Империја“ каде што тој е осомничен.