Сопственик на приватната фирма „Силвер медиа центер“ од Скопје преку даночно затајување го оштетил државниот буџет за околу 2 милиони денари, соопшти финансиската полиција. Против сопственикот и управител на фирмата поднесена е кривична пријава.
-Лицето А.Ч., кој во својство на сопственик и управител на второпријавениот правен субјект „Силвер медиа центер“ ДОО Скопје, во текот на 2018 година, со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и правниот субјект, по основ за искористени услуги веб маркетинг и дигитал медиа услуги од странски правни субјекти, примил влезни девизни фактури и извршил плаќање парични средства во девизи кон банкарски сметки на странски правни субјекти во вкупен износ од 20.188.240 денари, при што спротивно на член 29-б од Законот за данок на добивка за 2018 година не пресметал, не пријавил и не уплатил данок на задршка на приход исплатен на странски правни лица по даночна стапка од 10 отсто од 2.018.824 денари, за кој износ е општетен буџетот на Република Северна Македонија- се вели во соопштението на финансиската полиција.