Вчера во селото Арнакија, скопско, на влезот пред угостителски објект, Е.Ј.(21) од село Буковиќ, скопско, пукал со пиштол во Н.З.(35) од селото Бојане.
МВР јави дека до пукањето дошло по претходна расправија помеѓу 16-годишен малолетник и Џ.Ј. (21), и Е.Ј., двајцата од с.Буковиќ. Н.З. се здобил со повреда при обид да ги смири. Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.