Вкупно 56 возачи ја пречекориле брзината на движење со моторно возило во текот на вчерашниот ден во Скопје, а со „пајак” се подигнати 58 возила кои биле непрописно паркирани во централното градско подрачје.
Како што соопшти МВР, во акциската контрола што ја спроведе Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје од 06:00 до 22:00 часот, откриени се и 51 останати прекршоци.
Издадени се 75 мандатни и 20 прекршочни платни налози, а 12 возачи се писмено опоменати.