Двајца кумановци пријавиле во полиција дека, по претходен договор со А.С. во мај 2019, заедно со уште шест лица од Куманово заминале во Манхејн, Германија, каде што почнале со работа во градежна фирма.
Но, по три месеци од престојот, ним им биле исплатени само две плати и не им биле обезбедени документи и престој од А.С., согласно претходниот договор, по што си заминале од Германија.
Според пријавеното, тие имале неколку обиди да стапат во контакт со А.С., но таа не се јавувала, по што констатирале дека се оштетени и измамени за сума од 2.600 евра.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.