Во дневниот билтен МВР информира дека во Скопје е прегазено 11-годишно девојче, кое итно е пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
-На 20.11.2018 година во 16.40 часот на крстосницата од улица „Кемал Сејфула“ и улица „Крсте Асенов“ патничко возило „Опел aстра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(55) од Скопје удрило во 11-годишно девојче, кое било пренесено во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.