Две жени на возраст од 32 и 36 години биле прегазени на улица во Кичево, кога во нив удрило возило управувано од 30-годишен маж од селото Вранештица, Кичевско, информира МВР.
Како што јави МВР, двете се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Медицински центар Кичево, каде што им била укажана лекарска помош, по што и двете биле префрлени во Клиничката болница Битола на понатамошно лекување.
Увид извршила екипа од Полициската станица Кичево.