Во 23.20 часот во селото Пепелиште, неготинско, патничко возило „aуди“, управувано од 18-годишниот К.Д. од селото Пепелиште, удрило во пешак, информира МВР.
Се работи за 20-годишната С.А. од Пепелиште.
Притоа, С.А. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Здраствениот дом во Кавадарци.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Неготино.