Ма­ке­дон­ско­то еко­ло­шко друш­тво (МЕД), кое ка­ко ор­га­ни­за­ци­ја ра­бо­ти ве­ќе 12 го­ди­ни на за­шти­та и за­чу­ву­ва­ње на бал­кан­ски­от рис ка­ко кри­тич­но за­гро­зе­но жи­вот­но спо­ред кри­те­ри­у­ми­те на Свет­ска­та уни­ја за за­шти­та на при­ро­да­та, ин­фор­ми­ра де­ка не­о­дам­на на ма­ги­страл­ни­от пат Ки­че­во – Охрид е нај­ден пре­га­зен рис кај мес­но­ста Сла­веј Плани­на. МЕД до­би по­вик за ри­сот од член на лов­но­то друш­тво „Пи­тон“ од Охрид, но, и по­крај на­по­ри­те да му се ука­же пр­ва по­мош на жи­вот­но­то и да се транс­пор­ти­ра до ве­те­ри­нар­на­та кли­ни­ка во Скоп­је, ри­сот уги­на.

– По еден час во­зе­ње ри­сот не да­ва­ше ве­ќе зна­ци на жи­вот. Во ве­те­ри­нар­на­та кли­ни­ка бе­ше на­пра­ве­на над­во­реш­на про­вер­ка на со­стој­ба­та на те­ло­то од стра­на на ветеринар­ни­от ле­кар Ди­ме Вел­ков­ски. Бе­ше зак­лу­че­но де­ка ри­сот (адулт­на жен­ка) има скр­шен колк, не­ма вна­треш­но кр­ва­ве­ње, а при­чи­на за смрт­та би­ле пре­го­лем стрес и до­ста ни­зок кр­вен при­ти­сок, ве­ро­јат­но по­ра­ди из­гу­бе­на­та крв од уда­рот (хиповолмија). Бе­ше зе­ме­на крв за здрав­стве­на и ге­не­тич­ка ана­ли­за. Крв­на­та сли­ка на­пра­ве­на во кли­ни­ка­та ука­жа на ре­ла­тив­но здра­ва един­ка – из­ја­ви Ди­ме Ме­лов­ски, ра­ко­во­ди­тел на Про­гра­ма­та за за­чу­ву­ва­ње на бал­кан­ски­от рис во МЕД.

Со­стој­ба­та со бал­кан­ски­от рис во Ма­ке­до­ни­ја сè уште е кри­тич­на. Пос­лед­на­та про­це­на е де­ка ова жи­вот­но има не по­ве­ќе од 50 во­зрас­ни един­ки, а со тоа се ка­те­го­ри­зи­ра како кри­тич­но за­гро­зе­но. Иа­ко со­о­бра­ќај­ни­те нез­го­ди не беа утвр­де­ни ка­ко за­ка­на на ко­ја мо­ра при­о­ри­тет­но да се ра­бо­ти, ва­кви­те ин­ци­ден­ти се од огром­но зна­че­ње, бидејќи се­кој рис е зна­ча­ен за ви­тал­но­ста на по­пу­ла­ци­ја­та. Ова осо­бе­но ва­жи за женки­те, кои при ва­кви ин­ци­ден­ти зад се­бе е мож­но да оста­ват мла­ди, кои во овој пер­и­од од го­ди­на­та не се во мож­ност са­ми да пре­жи­ве­ат. МЕД не­кол­ку­па­ти предупреди де­ка при из­град­ба­та на авто­па­тот Ки­че­во – Охрид е по­треб­но да се внимава на под­зем­ни­те и над­зем­ни­те пре­ми­ни, осо­бе­но на ме­ста­та ка­де што пла­ни­ни­те од две­те стра­ни на па­тот се во не­по­сред­на бли­зи­на, што овоз­мо­жу­ва и при­ро­ден премин за раз­лич­ни ви­до­ви жи­вот­ни.

– Овој тра­ги­чен слу­чај по­втор­но алар­ми­ра ит­но да се поч­не со отво­ра­ње при­фа­тен цен­тар за ди­ви жи­вот­ни, кој ќе мо­же да згри­жи по­вре­де­ни ди­ви жи­вот­ни. Во прифатни­от цен­тар ќе тре­ба да ра­бо­тат обу­че­ни ве­те­ри­на­ри и би­о­ло­зи. За оваа иниција­ти­ва во по­ве­ќе на­вра­ти се ин­фор­ми­ра­ни прет­став­ни­ци на МЖСПП и МЗШВ – ин­фор­ми­ра­ат од МЕД.

С.Ј.