Двегодишно девојче почина откако вчера на паркинг на улица „23 Октомври“ во Скопје во неа удрил автомобил „фиат добло“.
Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и со истото возило било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде што му била укажана лекарска помош. Во 15:20 часот детето им подлегнало на повредите.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.