Триесет и едногодишно лице од селото Богородица почина за време на лов на планината Кожуф.
МВР соопшти дека лицето било погодено од кушум од страна на Б.Ѓ.(52) од Гевгелија и починало на местото на настанот.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош од Гевгелија.
-Б.Ѓ. бил приведен во полициска станица, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција – информираат од полицијата.
По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.