Безживотно тело било забележано во водите од Охридското Езеро, кај малото пристаниште, на улицата Кеј Македонија.
Случајот во полицијата го пријавил Б.П.(34) од Скопје кој го видел телото.
– Констатирано е дека се работи за Љ.А.(66) од Охрид. Смрт без видливи повреди на телото е констатирана од доктор од итна медицинска помош – информираат од МВР.
Увид на лице место извршила полициска екипа, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.