Министерството за внатрешни работи попладнево јавува за уште случај на поткуп.
Откако обелодени дека се нуделе по 1.000 денари за глас во Македонска Каменици, МВР јавува дека пари непосредно пред изборите се делеле и во Кочани.
„На 28.10.2021 во ОВР Кочани било пријавено дека Д.С.(53) од Кочани на повеќе лица им дал по 1500 денари за тие да гласаат во вториот круг на локалните избори за кандидат за градоначалник. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се разговори со повеќе лица и денеска (29.10.2021) во ОВР Кочани Д.С. е повикан на информативен разговор“, соопшти МВР.
По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното Обвинителство.