По добиените информации од дежурните лекари во болницата во Прокупље, кај нив во моментов се згрижени 16 пациенти, додека едната потешко поврдена пациентка е префрлена во болницата во Ниш. Сѐ уште се вршат испитувања над пациентите во Прокупље, но сите се надвор од животна опасност, информира МНР.
Во болницата во Блаце веќе нема згрижени пациенти, сите се пуштени на домашно лекување.
– Сѐ уште не се пристигнати детали за несреќата од страна на МВР на Србија. По добивање на информација од надлежните органи, соодветно ќе информираме – велат од МНР.
Во несреќата која што изутринава се случи во Србија, кога се превртел македонски автобус кој превезувал патници на Копаоник, се повредени 26 лица. Сообраќајната несреќа се случила изутринава на патот Блаце – Белољин во Србија, кога автобус со македонски регистарски таблички се превртел носејќи патници на еднодневна екскурзија на Копаоник.Според неофицијална информација од Болницата во Блаце, Србија, патниците биле претежно од Радовиш.