На плоштадот „Скендербег“ во Скопје веќе се поставени цвеќиња со кои се оддава почит на 45-те жртви во страшната сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, додека се очекува пристигнувањето на посмртните останки на загинатите.
Двата воени авиона со посмртните останки сѐ уште не полетале поради силен ветер во Софија. Пристигнувањето на првиот авион се очекува околу 11.15 часот, по што телата ќе бидат упатени кон нивните домови и вечни почивалишта, според последните информации.
Граѓаните кои сакаат да оддадат почит, имаат можност тоа да го сторат на плоштадот „Скендербег“ во периодот до 13 часот.