Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп при СВР Битола до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против Т. З. заради постоење на сомнение дека ја злоупотребил службената положба и овластување.
Како што информираше на прес-конференција портпаролот на СВР Битола Сања Стаматова, екс градоначалникот на Кривогаштани, во периодот од 2013 до 2016 година , по склучен договор на општината со приватна фирма, бензинска пумпа, за набавка на говриво за возилата на општината, склучил уште еден договор на 5 септември 2016 година со друг оператор бензиска пумпа за набавка на гориво.
Во договорите, како што потенцираше Стаматова, операторите биле обврзани горивото да го испорачуваат кога возило од општината ќе дојде на бензинска пумпа. Но, поранешниот градоначалник не се придржувал на договорите и овозможувал моторно гориво да се става и во возила што не биле сопственост на општината. Им дозволил на вработените да ставаат гориво во нивните возила а сметките биле фактурирани на општината, што било спротивно на општиот колективен договор за јавен сектор на РМ.
На овој начин осомничениот ја оштетил општината за сума од 212.976 денари, во корист на трети лица.