Поради сообраќајна несреќа на превојот Ѓавато кај црквата „Св. Богородица“ сообраќајот на магистралниот пат Битола – Ресен е затворен за сообраќај во двата правци.
Патничките возила се пренасочуваат по стариот пат од Битола за Ресен на потегот од превојот Ѓавато до селото Кажани, а за тешките возила сообраќајот е целосно затворен.
Сообраќајната несреќа за МИА ја потврдија припадниците на сообраќајната полицијата кои се на местото на настанот. Според нив, во сообраќајката нема жртви.