Во Градската општа болница „8 Септември“ синоќа била донесена 17-годишна девојка од село Средно Коњари, Скопско, со расеченици по левата рака и нога, соопшти МВР.
Според пријавеното, повредите ѝ ги нанела извесна Н.Н. по претходна расправија за момче.
Полицијата информира дека презема мерки за целосно расчистување на случајот.