Службеници од канцеларијата за криминалистички работи во прилепската полиција денеска уапсиле 43-годишен прилепчанец со иницијали Р.Т.

Како што информираат од МВР, при претрес извршен со судска наредба, во домот на 43-годишникот на прилепската улица „Круме Спиркоски“, биле пронајдени и одземени еден пиштол „екол“ модел „туна“ со калибар 8 милиметри, еден ловен карабин М-98 калибар 7,9 милиметри, една ловна пушка пумпарица модел 586, една полуавтоматска пушка М-59 7,62 милиметри, 4 парчиња куршуми калибар 6,35, 81 парче куршуми 7,62 х39 и 35 парчиња куршуми 7,9 х57.

Лицето е приведено во полициска станица и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Ка.М.