Воспитувачка во Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение пријавила дека малолетните М. С. (15) и М. С. (17) од Скопје самоволно ја напуштиле организациската единица во Влае.
Воспитувачката случајот го пријавила во полициската станица Карпош.
Тие и претходно неколкупати ја напуштале установата и биле враќани назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата, информира МВР.